МВР ги утврдува причините за превртувањето на сканијата кај Деве Баир

Од:

МВР ги утврдува причините поради кои 40-годишниот бугарски возач И.М. изгубил контрола над сканијата што вчера попладне се преврте кај Деве Баир.

Товарното моторно возило марка „рено“ со бугарски регистарски ознаки од засега непознати причини изгубило контрола и се превртело на левата страна.

Сканијата се превртела во банкината на магистралниот пат Крива Палана – граничен премин Деве Баир, кај месноста Јанчева кривина, во атарот на село Узем, а увид извршила екипа на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка.

Како што информираат од Итна медицинска помош Крива Паланка, И.М. добил лесни телесни повреди – расеченици и набиеници по лицето и екстремитетите. По укажаната лекарска помош во здравствениот дом Крива Паланка возачот е пуштен на домашно лекување.

Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка дојавата за незгодата ја примила околу 16.30 часот.

– На самото место се упати една екипа со тројца пожарникари за евентуално извлекување на повредени лица, што не беше неопходно, бидејќи екипата на Итна медицинска помош со санитетско возило го префрлил возачот, единствен патник во камионот, а нашите пожарникари помогнаа во обезбедување на теренот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Камионот превезувал стакло кое при превртувањето не предизвикало дополнителни пречки во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он