МВР ги интензивира активностите за финализирање на проектите за борба против организираниот криминал и корупција

Од:

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок на кој беа презентирани постигнатите резултати и беа договорени идните чекори во спроведувањето на проектот „Јакнење на националните капацитети за борба против организираниот криминал и корупција“, финансиран со средства од ИПА програмата за 2012.

Состанокот беше воден од страна на државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска, а присуствуваа и заменик министерот за правда Оливер Ристовски како и повеќе директори и раководни лица од институциите вклучени во имплементацијата на проектот (Државна комисија за спречување на корупција, Агенција за одземен имот, Управа за финансиска полиција, Управа за финансиско разузнавање, Основно јавно обивинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Царинската Управа). Покрај нив со свои претставници учествуваше и Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

Несторовска рече дека резултатите од овој проект се од исклучителна важност за Република Македонија како држава, земајќи во предвид дека активностите се дел и од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија во делот кој се однесува на спречување на организиран криминал и корупција.

На состанокот беа донесени следните заклучоци:

Сите институции активно да се вклучат во понатамошната имплементација на проектот со засилено темпо
Да се зголеми меѓуинституционална соработка помеѓу вклучените страни во проектот и
Да се даде целосна поддршка од страна на сите лица кои се директно вклучени во имплементацијата на активностите. Истите активно да се вклучат со свое мислење и искуство во креирањето и изготвувањето на документите кои се предвидени да се изработат во рамките на проектот и
Секаква поддршка и помош која ќе биде дадена од страна на проектот во делот од на спроведување на предвидените цели со Планот 3-6-9 ќе биде добредојдена.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он