МВР ги демантира обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира и осудува шпекулациите изнесени најпрво на неколку портали, а во текот на денешниот ден и на прес конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во која се зборува за наводен скандал со наратив полн со шпекулации, без никакви факти и аргументи, што го покажува и нивниот мотив организирано да нанесат штета на институцијата, истовремено нанесувајќи штета на Специјалната антитерористичка единица и на лицето кое е на чело на оваа единица.

„Напротив, само неколку часа по збиднувањето, во Извадокот од дневните настани на МВР од 17.08.2021, во кој се изнесени фактите дека на 17.08.2021 околу 01.45 часот во Сончев град, на патот кон ул.„Мариовска“ за место викано „Теферич“, при даден знак за запирање од полициски службеници на патничко возило „шкода октавија“, без регистарски ознаки, во кое биле две лица, возилото не застанало, туку продолжило со движење. При обид да ги запрат, службеното возило на МВР излегло надвор од коловозот. Притоа, еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди, а двајца полициски службеници со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Ова се фактите: иницијалите на двете лица во возилото не се ставени во информацијата, затоа што по нив сѐ уште трага полицијата; лицата не се сопрени и легитимирани, тие се засега со непознат идентитет, затоа и не постојат иницијали во информацијата; на возило без регистарски ознаки не може да се утврди сопственикот; двете возила немаат физички допир за време на незгодата; во моментов се повикуваат на разговор лица кои би можеле да дадат дополнителни информации, значајни за расчистување на случајот.

Сѐ друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат крајна цел само да наштетат, не само на институцијата, туку и на конкретната истрага. Доколку поседуваат докази со кои можат да придонесат за расчистување на случајот, ги повикуваме да ги достават во Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди или Единицата за увид на сообраќајни незгоди при СВР Скопје. Професионална обврска на сите општествени чинители, вклучително и опозицијата е да се држат до фактите, а граѓанска обврска е да достават информации, факти и докази до надлежните служби за постапка која е во тек“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он