Мустафа и Салиу ги повикаа велешките Роми да гласаат за Чадиев

Од:

Партијата на Обединети демократски сили на Ромите ја поддржува кандидатурата на Славчо Чадиев за градоначалник на Велес од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Министерот без ресор Неждет Мустафа и Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседател на партијата, ги повикаа велешките Роми да го дадат гласот за Чадиев зашто сметаат дека ВМРО ДПМНЕ отсекогаш ги ценела вредностите на малцинствата и првпат ја афирмирала Декадата за Ромите.

– Сето она што е направено за Ромите со доаѓањето на претседателот на Владата Никола Груевски е подем за ромската заедница во сите сфети на живеење и затоа нашата партија продолжува со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Салиу.

Мустафа и Салиу имале средба со Чадиев на која разговарале како во иднина да се подобри состојбата на Ромите во општина Велес.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар