Муртезани: Очекувам да продолжи трендот на заминување од редовите на Алијанса на Албанците

Од:

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој доаѓа од редовите на ВЛЕН, изјави дека очекува да продолжи трендот на заминување од редовите на Алијанса на Албанците предводена од Арбен Таравари по неговата одлука да оди во опозиција, поради како што вели, големиот револт кај сите поддржувачи, симпатизери и функционери.

– Мислам дека сите овие случувања во делот на АА предводена од Таравари, се знак дека одлучноста на структурите таму и подготвеноста е многу поголема да не завршат во прегратките на Али Ахмети, од калкулациите на Таравари. Според наши неофицијални информации, тие ќе продолжат. Револтот кај сите поддржувачи, симпатизери и функционери таму е многу голем. Така што, чекаме наредниве денови, мислам дека тој тренд ќе продолжи, рече Муртезани прашан дали има најави други пратеници да го напуштаат Таравари.

По одлуката на Таравари за напуштањето на власта, деновиве пратеникот од редовите на АА, Салим Сулејмани, објави дека поднесува оставка од сите партиски функции и од функцијата пратеник во Собранието.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

Муртезани: Не спремаме терен за репреговарање, но нашиот пат кон ЕУ мора да има крај

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Македонија е подготвена да продолжи да чекори по европскиот пат со обновена национална решителност, вели Муртезани