Муртезани на средба со еврокомесарката за проширување

Од:

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.

Министерот Муртезани го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Северна Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи на исполнување на реформските цели и дека успешната имплементација на Реформската агенда ќе претставува значаен фактор за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, како дел од процесот на пристапување.

Тој исто така ја нагласи посветеноста на земјата кон целосна имплементација на важноста на Планот за раст, кој ќе биде главна тема на претстојниот состанок на лидерите на Западен Балкан во Скопје, во март годинава. Муртезани изрази увереност дека Северна Македонија е подготвена да продолжи со конкретни чекори кои ќе ја приближат земјата кон Унијата.

„Северна Македонија останува цврсто посветена на своите стратешки интереси за успешно реализирање на нашето европско досие. Подготвени сме да преземеме неопходни реформи и да се фокусираме на принципиелни решенија кои ќе бидат во интерес на државата и сите нејзини граѓани. Со стабилност, напредок и конструктивен дијалог, ќе ја оствариме нашата цел – полноправно членство во Унијата“ – нагласи Муртезани.

Соговорниците разменија мислења и за уставните измени во контекст на предизвиците на европскиот пат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Филипче по средбата со Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

Кос: Членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Не прифаќаме уцени кои не оддалечуваат од европските вредности

Катерина Ѓуровски

Кос: Реформите кои ги бараме задираат во закоравени структури на интереси и на моќ, на лидерите е да ја водат реформата

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст

Катерина Ѓуровски