Мултиетнички синдикат: Спогодбата помеѓу СОНК и МОН е уште полоша од претходната

Од:

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) ги оценува како недоволни и, во најмала рака, половични резултатите од преговорите помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК во врска со наградувањето и казнувањето на наставниците врз основа на резултатите од екстерното тестирање.

„Исто така, Мултиетничкиот синдикат на образование истрајува на својата позиција дека раководството на СОНК направи грешка кога го прекина штрајкот и со тоа ја оневозможи шансата што се пружаше да се решат многу горливи прашања во сферата на образованието.

Сакаме да ја информираме јавноста дека во делот на наградувањето на наставниците постигнатиот договор е полош од она што претходно беше законска обврска на Министерството. Односно, дека со наводниот успех им се намалуваат, а не зголемуваат правата на наставниците.

Имено, според информацијата која ја објави Министерството за образование и наука, најдобро рангираните наставници во наредните 9 месеци ќе добиваат по 10% повисока плата. Сакаме да потсетиме дека законските одредби кои беа на сила пред септември 2014 година, кога СОНК најави штрајк, предвидуваа на 20% од наставниците кај кои има најмали отстапувања да им се зголеми платата за наредната година за 15% од платата што ја примале (член 97 од Законот за основно образование и член 70-a од Законот за средно образование).

Наместо зголемување на платата во текот на 12 месеци, сега е договорено зголемување за само 9 месеци и наместо зголемувањето да биде 15%, договорено е да биде 10%. И тоа се претставува како успех на преговорите? Не е успех на преговорите кога ќе се договори нешто што е полошо од она што е законска обврска! Раководството на СОНК треба да има доволно доблест за она што е нивно отстапување во преговорите, да го каже за такво, а не да се труди да го затскрие преку недоволна информација пласирана во јавноста и во однос на своите членови.“, стои во соопштението на МЕСО.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски