Мукоски и Василевски двапати ја ваделе заштитната ограда од врататa за да влезат лицата со фантомките

Од:

Според дејствијата во обвинението за настаните од 27 април, акт на насилство за судењето кое е во тек во кривичниот суд сториле 4 лица: Влатко Трајков, Никола Митровски Кољо, Јане Ченто и Дејан Давидовски Дешо кој е недостапен за органите на прогонот. Во обвинението пишува дека сите обвинети сториле акт на насилство за да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на државата. Обвинетите пратеници дејствувале како организатори и овозможиле да влезат граѓаните и насилниците. Крсто Мукоски и Сашо Василевски двапати ги отстранувале металните огради од собраниската врата за да влезат лицата со фантомки, а други тројца нивни колеги ги повикувале што помасовно да влезат во Собранието.

„На 27.04.2017 година од 14,30 до 22,30 часот за време на одржувањето на Констутитутивната седница на Собранието на Р.М , веќе обвинетите Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пеиќ, Абдулфета Аљими, Елена Доцевска Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанчо Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски Кољо, Александар Василевски Нинџа и Митре Питроповски, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, да оневозможат и спречат избор на претседател на Собранието на Република Македонија, предизвикале акт на насилство, ги загрозиле животот на пратеници, новинари, овластени службени лица и вработени во Собранието на РМ, со што создале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните“, пишува во обвинението.

Според содржината на обвинителниот акт, обвинетите пратеници биле упорни да ги отстранат металните огради за да ја отворат собраниската врата, откако лицата со фантомки не успеале да ја отворат влезната врата.

„НН лица со маски и фантомки на главите и други лица, ја урнале и прескокнале заштитната ограда пред Собранието и се обиделе со туркање, удирање и кршење насилно да ја отворат влезната врата, но не успеале во тоа поради нејзината безбедносна заштита, па затоа обвинетите Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски како и обвинетиот Горан Ѓошевски Леви, началник на обезбедувањето на тогашниот претседавач, Трајко Велјаноски, преку холот дошле до влезната врата, за да ги отстранат металните заштитни греди и да ја отворат вратата“, пишува во обвинението.

Според обвинителниот акт, пратеникот Љупчо Димовски со раце им покажал како да ги отстранат гредите, Крсто Мукоски ја извадил горната заштитна греда од средната влезна врата. Сведокот В. С. ја вратил на место, но Крсто Мукоски и Сашо Василевски повторно ги извадиле горната и долната заштитна греда од средната вратата, по што Сашо Василевски се обидел да ја отвори вратата, но затоа што била заклучена, не можел да ја отвори.

Во обвинението натаму се додава дека: „Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги извадиле металните заштитни греди од левата и десната влезна врата за да овозможат влез на насобраните граѓани и на претходно формираната група на лица со фантомки влегле во Собранието“. Oбвинетиот Љубен Арнаудов во 18,46 часот пред отворањето на вратите по телефон го повикал обвинетиот Н. В. со зборовите „Ајде, каде сте, што правите, што не влагате”, а потоа веќе обвинетите Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов ги повикувале што помасовно да влезат внатре ги повеле во Сала Македонија.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески