Адвокатот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски, Гоце Ристевски на почетокот од денешното рочиште за настаните од 27 април во Собранието, го извести судот дека обвинетиот го повлекува предлогот да се сослуша пратеникот Драган Данев бидејќи истиот не можел да присуствува на рочиште и да даде исказ поради здравствени причини.
Дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата недела решија да повлечат дел од доказите предложени за нивна одбрана во судскиот процес што се води пред кривичниот суд.
Пратеникот Љубен Арнаудов рече дека најпрво ќе се консултира со својот адвокат, додека пратеникот Јохан Тарчуловски кажа дека ја повлекува комплетната листа на докази, но и дека се што има ќе каже сам пред судот.
За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Виктор Јованов