Муцунски: Зголемувањето на платата целосно ќе го донирам во хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите

Од:

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави дека според последната одлука на Уставниот суд, сите носители на јавни функции ќе добијат зголемување на својата плата, а разликата во покачувањето тој ќе го донира во хуманитарни цели, на семејствата со ниски месечни примања и за семејствата на уставобранителите.

Муцунски истакна дека одлуката е донесена од највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија и е одлука која мора да се почитува, но разликата може да се донира.

„Јас сум растен, воспитуван и образован во духот на позитивни вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите“, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.

Тој воедно ги повика и останатите носители на јавни функции од сите политички партии да го следат неговиот пример.

„Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства кој секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми. Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример.“

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он

Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

А1он

Муцунски: Мораме да најдеме решение за предизвикот со Бугарија

А1он