Муцунски: Започнуваме со изградба на паркот „Радост“, реализација на ветување од кампањата и симбол на хумана урбанизација на општина Аеродром

Од:

За нас денес во Општина Аеродром е многу среќен ден, почнуваме со подготвителни активности за изградба на нов парк од близу 6 000 метри квадратни парк „Радост“ симбол на едно ветување кое што го дадовме уште на почетокот на нашата кампања а тоа е дека во општина Аеродром ќе има хумана урбанизација, рече Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

„Тоа што ме радува е дека овој парк е и доказ дека може да има севкупна општествена соработка кога се работи за вакви значајни проекти за граѓаните, се работи на заедничка инвестиција на општина Аеродром четри општествено одговорни компании неколку невладини организации кои што се вклучени во процесот на поддршка и делегацијата на ЕУ преку еден од своите фондови ни додели грант, за да можеме да го реализираме тоа што по мене ќе биде веројатно најубавиот и најсовремениот парк на територија на Град Скопје.

Ќе повторам уште еднаш благодарност за вниманието, и да продолжиме ние да реализираме вакви проекти кои што се насочени кон поубаво живеење на територија на општина Аеродром“, изјави Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он