Муцунски за инцидентот пред Бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голелм обем, вели Муцунски.

– Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетални одговори со истрагата, бидејќи не сакам да и наштетам, би Ве упатил да побарате одговор од МВР. Но, она што би сакал да го кажам е дека институционално има брз и ефикасен одговор од наша страна, изјави денеска Муцунски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Муцунски рече дека за жал не може да се контролира секој кривично-правен настан што се случува на територија на државата, но дека најважно е дека веќе тој инцидент е осуден од наша страна и се рабтои на целосно расветлување на случајот.

– Наша одговорност како држава е прво да дадеме објективен одговор, да го осудиме настанот, а потоа и нашите институции максимално брзо да ги преземат сите потребни дејствија и мислам дека од наша страна е максимално коректно одговорено до овој момент. Се надевам дека брзо ќе заврши истрагата од страна на МВР, рече Муцунски.

Министерството за внатрешни работи вчера инфомираше за случајот посочувајќи дека е скршено стакло на влезната врата на Бугарската амбасада.

Би можело да ве интересира

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Муцунски најавува изненадување во следните шест месеци во визната политика на САД кон земјава

Катерина Ѓуровски

Го скршил стаклото на бугарската амбасада од омраза, Обвинителството бара притвор

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели Муцунски

ВИДЕО: Уапсен скопјанец за оштетувањето на стаклото на бугарската амбасада

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неказнивоста ги охрабрува нападите, обвинува Радуков по скршениот прозорец на бугарската амбасада