Муцунски: Во тек се разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи

Од:

Земјите од регионот, заедно со Европската Унија и нејзините земји членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со метежот на граничните премини, кој е поизразени во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето – истакна министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

– Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со Европската Унија работиме на овој сериозен предизвик. Забележав и обид темава да се претвори во естрада во соседна Србија, односно естраден пристап, бидејќи се случува голем метеж на граничните премини, особено на копнените – изјави Муцунски.

Муцунски потврди дека се водат дискусии со повеќе земји и во рамките на разни шеми на Европската Унија, кои ги опфаќаат земјите од Западен Балкан, при што се очекува во летниот период да бидат преземени соодветни мерки за намалување на метежот.

– Очекуваме во летниот период, кога ќе има периоди на зголемен метеж, да се преземат соодветни мерки. Во овој момент официјално никој нема добиено одговор и затоа не можам ништо конкретно да споделам. Но можам потврдам дека имаме разговори, и на највисоко ниво и на техничко-административно ниво, и дека постои подготвеност од земји членки на Европската Унија да покажат флексибилност кон регионот – рече тој.

Министерот оцени дека информациите што се пласираат во јавност се политичка естрада и дека на нив треба да се гледа со голема внимателност.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат

Македонија бара предвидлив европски пат без дополнителни барања, порача Муцунски

Муцунски: Западен Балкан не смее да остане „сива зона“ на Европа