Муцунски во „Генералка Викенд“: Аеродром е европска, зелена и чиста општина, пионер во делот на политиките за животната средина

Од:

Oпштина Аеродром е најзелена општина во Македонија и ние секоја можност ја користиме да инспирираме промени и да повикаме на единство во остварување на заедничкиот интерес – чиста, зелена и здрава животна средина.

Во насока на остварување на оваа цел, денеска на повеќе локации низ Аеродром се одржа традиционалниот настан „Генералка викенд“, што претставува масовна акција за чистење на животната средина, но и подигнување на свеста за соодветно одлагање и управување со отпадот.

Поддршка на акцијата даде и градоначалникот Тимчо Муцунски кој заедно со ученици од „Лазо Ангеловски“ се вклучија во онлајн разговор каде зборуваа за денешното чистење во Аеродром, проектите насочени кон подобрување на животната средина, едукација на најмладите, реализација на еко проекти и потребата за одговорност кон средината која живееме.

Општина Аеродром е пример за одржливост и пионер во делот на политиките поврзани со животната средина. Со активното вклучување во „Генералка викенд, но и со поддршката на други вакви настани ги потврдуваме заложбите за зелена, чиста и европска општина.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он