Муцунски се обрати на конференција за слобода на медиумите во Западен Балкан

Од:

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски, заедно со Амбасадорот на Република Македонија при ОБСЕ Кире Илиоски, учествуваше на конференцијата на високо ниво, насловена како: „Слободата на медиумите во Западен Балкан“, што се одржа во Виена, во организација на австриското претседателство со ОБСЕ, а во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Муцунски се обрати на воведната сесија на конференцијата, при што истакна дека слободата на изразување претставува основен столб за развојот на демократијата, а клучната улога во тоа ја имаат слободните медиуми. Тој се осврна на важноста на квалитетното и професионално новинарство кое како што потенцираше, треба целосно да се поддржи, заштити и негува. Според заменик министерот, обезбедувањето слобода на изразување, слободни и плурални медиуми, бара континуирано следење на состојбите и соодветно преземање мерки и активности од страна на различни субјекти и во различни области.

„Усогласувањето со меѓународните стандарди е битно прашање во процесот на регулација на медиумската сфера. Но, круцијално е и создавањето на само-регулација која се базира на принципите на транспарентност и отчетност, а истовремено промовира и етичко известување” рече Муцунски.

Свои обраќања на воведната сесија имаа и Претседавачот со ОБСЕ за 2017 година и Министер за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц, како и Дуња Мијатовиќ , претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Конференцијата имаше за цел, да обезбеди платформа за размена на иницијативи и најдобри практики во однос на важните прашања поврзани со слободата на медиумите кај земјите од регионот, со посебен акцент на безбедноста на новинарите и медиумската етика. На неа учествуваа високи претставници на ОБСЕ, регионални експерти, претставници на граѓански организации, министри и други високи владини претставници од регионот, кои дискутираа за прашања поврзани со задржувањето на професионалните стандарди и довербата во медиумите кои треба да останат независни и непристрасни.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on