​Муцунски: Реконструкцијата на улиците во Аеродром подрaзбира создавање подобра инфраструктура и побезбедна средина

Од:

Препознавајќи ја важноста на новите инфраструктурни проекти и реконструкцијата и одржувањето на постоечките, како важен дел од унапредување на живеењето и решавањето на клучните проблеми на граѓаните, во Аеродром продолжува реализацијата на инфраструктурните инвестиции кои се финансирани со средства од буџетот на Општина Аеродром.

Деновиве градежната механизацијата работи на повеќе локации во општината, а една од нив е дел од улицата „Лисец“ каде реконструкцијата опфаќа промена на тампонскиот материјал и поставување нова асфалтна површина. Со реконструкцијата на овој дел од улицата се решава проблемот со површинското одводнување со кој подолг временски период се соочуваа граѓаните на овој дел од Аеродром.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна истакна дека активностите за реконструкција на неколку улици во Аеродром ја одразува посветеноста на општината за подобрување на инфраструктурата и создавање побезбедна и поодржлива урбана средина.

„Преку внимателно планирање, вклученост на граѓаните и квалитетна имплементација на проектот, даваме одговор на постојните инфраструктурни предизвици и го отвораме патот за поквалитетни услови за живот на граѓаните“, потенцираше тој во Фејсбук објавата.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он