Муцунски: Реализираме нови и важни проекти, работиме со полна пареа и обезбедуваме поквалитетен живот за граѓаните

Од:

Општина Аеродром реализира уште еден важен инфраструктурен проект. Градежната механизацијата, овие денови активно работи во населбата Лисиче каде во тек е реконструкција на улицата „Црноризец Храбар“ во должина од 500 метри, шест метри коловозна ширина и тротоар. Реконструкцијата опфаќа и бележење на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, замена на целосно дотраениот материјал и обнова на дел од атмосферската канализација. Проектот се реализира со средства обезбедени од Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.

„Летото е време на годишни одмори, но во Аеродром не е така. Се радувам кога сите ние во Општина Аеродром и градежната механизација работиме со полна пареа за да реализираме, нови и важни проекти кои се дел од нашите ветувања пред граѓаните. Овој период активно работиме на реализација на нови инфраструктурни инвестиции, кои се потврда на нашите континуирани напори за обезбедување подобри услови и поквалитетен живот за граѓаните“, напиша градоначалникот Муцунски.

Изградбата на нови улици и изведбата на нови паркови на неколку локации е дел од обемните инфраструктурни активности кои оваа сезона се реализираат на неколку локации во Аеродром. Крајот на летото и почетокот на есента, Општина Аеродром ќе ги одбележи со завршени важни проекти кои ќе донесат побезбеден сообраќај, поефикасен транспорт и сериозно подобар маалски живот за жителите на Аеродром.

Би можело да ве интересира

Апасиев до Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Муцунски: Во болницата „Пирогов“ во Софија се лекуваат девет повредени од несреќата во Кочани

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски