Муцунски: Неопходен е ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност

Од:

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.

Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени. Тој истакна дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.

-Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот, истакна Муцунски во обраќањето.

Воедно, тој нагласи дека иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.

-Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност. Утре веќе е наша сегашност, додаде Муцунски, истакнувајќи ја подготвеноста активно да учествуваме во напорите за зајакнување на мултилатерализмот.

Министерот Муцунски ја подвлече потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Да ги убедиме стратешките партнери дека ние сакаме што побргу да се отворат пристапните преговори

Горан Наумовски

Муцунски: Нашата посветеност како кредибилна членка на НАТО ќе продолжи

Горан Наумовски

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Муцунски: Процесот на интеграција на нашата земја кон полноправно членство колку е од наш интерес, е еднакво од интерес и за сите наши соседи

Муцунски: Владата ќе продолжи со политиката на 100 oтсто усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ