Муцунски на министерски состанок во Брисел: Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел.

На состанокот, министрите разговараа за имплементацијата на одлуките донесени на Самитот во Хаг, зајакнувањето на колективната одбрана и одговорот на современите безбедносни предизвици.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи важноста од долгорочен и стратешки пристап на Алијансата, како и потребата од единство меѓу сојузниците во насока на одржлива политичка волја, фер распределба на товарот и колективна посветеност.

Тој укажа и на потребата од заеднички пристап за постигнување долгорочно и заемно прифатливо мировно решение, преку конструктивниот дипломатски процес отпочнат од САД и Украина, со поддршка на партнерите.

Министерот истакна дека Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ, при што ваквиот усогласен и стратешки ангажман ќе придонесе за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот, како и за поддршка на целосната интеграција на земјите од регионот во европските и евроатлантските структури.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Мораме да најдеме решение за предизвикот со Бугарија

А1он

Радман: С. Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо

А1он

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Муцунски и Сиљановска-Давкова во Дубаи се сретнаа со Македонци што живеат и работат во ОАЕ

А1он