(ВИДЕО) Муцунски: Ќе биде потребно несебично да помогнеме во закрепнувањето од економската криза

Од:

„Сведоци сме на едно различно време, проследено со тешки и неочекувани предизвици. Време кога целото наше внимание е насочено кон заштита на здравјето на граѓаните.

Тоа до што вчера беше нормално секојдневие, повеќе не е.

Сепак, сега е вистинското време на најмладите и вработените во образованието да им помогнеме да се спаси барем дел од учебната и академската година“, вели Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна сорабока на ВМРО-ДПМНЕ.

Вашите проблеми, заеднички до решенија – Затоа што ја сакам Македонија

Нашиот народ вели дека јунакот се познава во најтешкото време, и токму затоа сега е потребно да покажеме храброст. Во овие моменти пред се треба да бидеме емпатични, учтиви и хумани. Неопходно е да веруваме во самите нас и во кохесивната сила на нашето општество и да шириме позитивна енергија, со искрена надеж дека доаѓаат подобри времиња.Повеќе од јасно е дека ќе биде потребно и несебично да помогнеме во закрепнувањето од економската криза која веќе непосредно е присутна во нашата средина.Во таа насока, бараме помош од вас. Одвојте барем малку време и пишете ни за вашите идеи, пишете ни за вашите секојдневни проблеми.Почитувајте ги препораките, слушајте ги советите на најстручните и пред се чувајте се и чувајте ги вашите семејства.

Posted by Тимчо Муцунски / Timco Mucunski on Вторник, 31 март 2020

„На работниците, земјоделците и компаниите да им помогнеме да го издржат силниот удар од реалната економска криза.

На највозрасните да им подадеме рака и да им ја понудиме сета потребна помош, која во дадениот момент им е повеќе од потребна.

Ова ќе помине, и по оваа криза, повеќе од било кога ќе си бидеме потребни едни на други, на своите деца, родители, другари и познаници.

Нашиот народ кажува дека јунакот се познава во најтешкото време, и токму затоа сега е потребно да покажеме храброст.

Во овие моменти пред се треба да бидеме емпатични, учтиви и хумани.

Да го отстапиме местото во ред на повозрасниот, да им помогнеме на оние кои се во самоизолација, да ги почитуваме здравствените совети за заштита, да практикуваме социјално дистанцирање и заради себе и заради другите околу нас.

Неопходно е да веруваме во самите нас и во кохесивната сила на нашето општество и да шириме позитивна енергија, со искрена надеж дека доаѓаат подобри времиња.

Повеќе од јасно е дека ќе биде потребно и несебично да помогнеме во закрепнувањето од економската криза која веќе непосредно е присутна во нашата средина.

Во таа насока, бараме помош од вас. Одвојте барем малку време и пишете ни за вашите идеи, пишете ни за вашите секојдневни проблеми.

Предложете ни го она што сметате дека ќе придонесе во изнаоѓање на взаемно корисни решенија!

Искрено верувам дека многу брзо повторно ќе можеме непосредно и непречено да се видиме едни со други и да споделиме заеднички насмевки во сите наши населби, села и градови.

До тогаш бидете внимателни, почитувајте ги препораките, слушајте ги советите на најстручните и пред се чувајте се и чувајте ги вашите семејства.

Доаѓаат подобри времиња, верувајте во тоа! Затоа што ја сакаме Македонија!“, изјави Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна сорабока на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски