МТСП: Покрената инспекциска постапка за случајот со глувото дете

Од:

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во однос на наводот дека при посетата на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско”, е затекнато дете кое нема физичка попреченост, туку е глуво и се наоѓа во социјален ризик, врз основ на информација од Народниот правобранител веднаш е покрената темелна и сеопфатна постапка за инспекциски надзор од страна на социјалната инспекција.

Како што се наведува во соопштението, во моментот детално се испитува постапувањето на вработените кои работеле на овој случај, во меснонадлежниот Центар за социјална работа, и во Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско”. Инспекцијата сеопфатно ќе го испита и провери постапувањто на сите вклучени вработени и одговорни службени лица во институциите кои постапувале по овој случај, се со цел да се утврдат причините и одговорните лица за ваквиот немил настан.

– Министерството за труд и социјална политика ќе ги превземе сите законски мерки и надлежности со цел да се утврди одговорноста за ваквиот случај при што секое несоодветно, непрофесионално, неетичко и спротивно на закон постапување ќе биде соодветно санкционирано согласно закон, се вели во реакцијата на Министерството.

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари