Mртвата девојка во поликлиниката „Бит Пазар“ била донесена со такси

Од:

МВР го откри идентитетот на едно од лицата кои на 9-ти овој месец во поликлиника „Бит Пазар“, ја оставија мртвата девојка во поликлниниката на Битпазар.

Се работи за 43-годишниот Е.Б. од Скопје, таксист од компанијата „Сити Са“.

Тој бил запрен на улицата „Беласица“ од патник кој со себе во таксито го внел телото на девојката и барал да биде однесен до болницата.

Таксистот ги однел двајцата до поликлиниката и потоа си заминал.

Со цел за утврдување на идентитетот на починатото женско лице, од страна на СВР-Скопје биле преземени низа на потребни мерки и активности при што се извршени разговори со повеќе лица.

Според процедурата на идентификација на лица утврден е и идентитетот на починатото женско лице,Аријета М. (34) од Скопје.

Според инфомациите од МВР, девојката била познат извршител на кривични дела, тешки кражби и разбојништва.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он