МПС и раководството во МВР постигнаа договор, издадените наредби да ги потпишуваат и министерот и дополнителниот заменик министер

Од:

Со потпишување на записникот од три работни состаноци од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев успешно завршиле преговорите со раководството на МВР.

Договорено е, соопштија од Македонскиот полициски синдикат, при издавањето наредби за извршување на работни задачи тие да бидат со точно определен рок на важност односно до завршување на мандатот на техничката влада, потоа сите издадени наредби да бидат задолжително потпишани од министерот и дополнителниот заменик министер.

– Како факт со кој ние како синдикат сме собено сме задоволни е тоа што при секое поместување на колегите истите ќе ја добиваат платата која е поповолна за нив и не се повредува ниту едно право од работен однос, велат од Македонскиот полициски синдикат од каде изразуваат уверување оти веќе од денеска ќе се надмине актуелната состојба во МВР.

Како што соопштија од Македонскиот полициски синдикат, преговорите се завршени по одржани три работни состаноци во просториите на МВР на кој учествувале министерот Чулев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Петровска и директорот на БЈБ Сашо Тасевски со своите работни тимови, како и претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, генералниот секретар Киро Трајковски и советникот на претседателот на синдикатот Златко Цветковски.

Како причина за работната средба била актуелната состојба во МВР на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата на Република Северна Македонија, со што сите вработени во Министерството биле доведени во една конфузна и збунувачка состојба што пак, стои во соопштението од Македонскиот полициски синдикат, им преставуваше сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.

– Со оваа активност ние како како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште еднаш докажавме дека сме сериозна синдикална органзиација на која еден од осовните постулати е заштита на правата од работен однос на своите членови, се подвлекува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес