МПМ одби да објави реакција и платен оглас на Стевчо Јакимовски

Од:

Драматичниот пад на слободата во медиумите кој беше евидентиран и во последниот извештај на „Репортери без граници“, секојдневно се потврдува.

Раководството на МПМ, во чија сопственост се дневните весници „Дневник“ „Вест“ и „Утрински весник“ во денешните изданија одби да ја објави писмената реакција на Стевчо Јакимовски на обраќањето на премиерот Никола Груевски, на промоцијата на кандидатурата на актуелниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Откако стана очигледно дека реакцијата на Стевчо Јакимовски нема да биде објавена на истиот простор и место на кое претходно беа објавени обвинувањата кои на негова адреса ги упати Никола Груевски, тој побара неговата реакција, во својство на граѓанин да биде објавена во форма на граѓански платен оглас.

И таквиот обид да се прочитаат ставовите на некој кој претходно беше вербално нападнат од премиерот, е одбиена од страна на раководството на МПМ.

Реакција на Јакимовски на говорот на Груевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми