Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 29 февруари 2024 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот информираат од Синодот.
– Синодот посвети сериозно внимание на проучување на украинското црковно прашање и формира Комисија која ќе го проучи статусот на Православната Црква во Украина која што доби автокефалност од Вселенската Патријаршија. Претседател на Комисијата е Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потпретседател е Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким. Истата Комисија има за цел да го проучи и проблемот со именувањето на нашата Света Црква со елинофонските Цркви, се вели во соопштението.