Можностите за инвестирање презентирани пред швајцарските бизнисмени

Од:

Владина делегација предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски од денес престојува во посета на Швајцарската Конфедерација каде ќе ги презентира поволните услови за инвестирање и водење бизнис во Македонија.

Делегацијата денеска имаше директни средби со раководствата на компании од прехранбениот сектор и од областа за производство на опрема и системи за греење, ладење и вентилација, како и фирми за производство на машински делови и алати.

Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека на почетокот на следната година посета на Македонија најавиле сопствениците на компаниите „Оспелт“ и „Хилти“.

Во организација на почесниот конзул на Македонија во Принципатот Лихтенштајн, Норберт Зегер, Стопанската комора на Лихтенштајн, македонската Амбасада во Швајцарската Конфедерација, како и канцеларијата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во Берн вечерва во Цирих ќе се одржи настан на кој е најавено присуство на претставници од бизнис заедницата на Лихтенштајн.

Покрај вицепремиерот Пешевски, во составот на македонска делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Висар Фида, почесниот конзул на Република Македонија во Принципатот Лихтенштајн, Норберт Зегер, како и економскиот промотор во Швајцарија, Арлинд Зекири.

Би можело да ве интересира

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции

One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа

Во текот на следната недела се очекува силна промена на цените на нафтата во светот

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ