Можно невреме денеска, од утре повторно топло

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени – информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Според УХМР, во наредните денови под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време.

Би можело да ве интересира

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо