Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Можна е појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.