Мозаиците во Хераклеја, магнет за странските туристи

Од:

Мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис крај Битола беа вистински магнет за илјадниците странски и домашни туристи во изминатата година. Како никогаш досега, минатата година туристите го имаа тоа задоволство да ги видат сите мозаични површини во античкиот локалитет, кои се простираат на исклучително впечатлива површина од 1.300 квадратни метри. Археологот Аница Ѓорѓиевска, автор на повеќе трудови за Хераклеја, вели дека распростаранетоста на откриените мозаици како површина е ретка дури и за Балканот.

– Хераклеја Линкестис буди неверојатен интерес кај странските туристи, уште со фактот дека тоа е градот на Филип Втори Македонски. Сепак, покрај сè што е откриено на локалитетот, термата, театарот, базиликите, портикот, она што за туристите од странство минатата година беше најинтересно се мозаиците. За среќа, лани сите мозаици беа откриени на површина од 1.300 квадратни метри, впечатлива бројка ако се знае дека локалитетот е истражен на вкупно седум хектари – вели археологот Ѓорѓиевска.

Љубопитните погледи на туристите, сепак, најмногу биле привлечени од мозаиците со пауните и со елените како мотиви од Библијата, вели Ѓорѓевска.

– Од сите мозаици во Хераклеја, туристите од странство најмногу ги привлекува средишната претстава на нартексот на големата базилика, која е верна илустрација на псалмот 41 од Библијата, од Стариот завет. Кај овие мозаични слики, туристите поминуваат најмногу време, како ремек-дело на ранохристијанската уметност – вели Ѓорѓиевска.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Жена ги откри градите среде хрватски ресторан

Зголемен бројот на туристи

Туристите ги наведоа местата кои никогаш повеќе не сакаат да ги посетат, на листата и Скопје

Предраг Петровиќ