Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кочани

Од:

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кочани. Според олицијата, несреќата се случила вчера околу 11.40 часот на крстосницата од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Бел Камен“ во Кочани. Притоа се судриле возило „опел инсигнија“ со италијански национални ознаки, управуванаоод Р.Ф. (47) од село Елово, општина Студеничани и мотоцикл „сузуки“ со бугарски национални ознаки управуван од Н.З. (31) од село Тркање, Кочанско.

Во незгодата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он