Мотоциклист се здобил со тешки повреди на патот кон ХЕЦ Козјак

Од:

Скопјанецот Ф.Ш. (25) кој управувал мотоцикл „Кавасаки-550“ со скопски регистерски таблици, на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, атар на село Нова Брезница, изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак.

Како што информира МВР, Ф.Ш. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје на местото на настанот извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево