Мотоциклист повреден во сообраќајка кај Требеништа

Од:

Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред село Требеништа.

Како што информира МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 11:40 часот, а во неа учествувале мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од С.Д. (36) од Скопје и патничко моторно возило „Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ј.(36) од Скопје.

– Во незгодата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „ Аџибадем Систина“ во Скопје, соопшти МВР.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски