Мотоциклист потешко, а осум лица полесно повредени во 10 сообраќајки во Скопје

Од:

Возач на мотоцикл e потешко повреден во една од 10. сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени осум лица, а во четири била причинета само материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Пет возачи биле санкционирани за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, а 11 за не користење заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 34 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 13 возачи почетници, како и пет технички неисправни возила, 44 нерегистрирани возила и две возила за претовар. Санкционирани биле и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 188 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 80 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Литл Ми Интернешнл Прискул Скопје“, која се наоѓа во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош