Мост:Во Европа има што да се види, искористете ја можноста

Од:

Наталија Јовановска е студент од четврта година на Филолошкиот факултет во Штип, со просечна оценка на студирање 9,96. Одлично говори англиски, германски и италијански јазик, а досега немала можност да патува во Европа. За неа секоја Европска земја има свој шарм, но нејзина најголема желба е да ги посети Германија, Франција. Италија, Шпанија и Холандија. Желбата ова лето ќе и се исполни затоа што таа ќе биде дел од студентите кои ќе патуваат во Европа во наредниот месец дена.

На своето ново патешествие, Наталија и останатите студенти од проектот, ќе ги запознаат европските земји и нивните демократски вредности, народите и културите, но и ќе раскажат за својата земја и ќе ги поканат европските граѓани да ја посетат Македонија. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавање на странски јазици.

„Среќен пат“ им посакаа Роберт Лидел, раководител на одделот за политика и информации во Делегацијата на ЕУ и Дарко Алексов, извршен директор на Граѓанска асоцијација МОСТ. Тие на студентите им порачаа:

“Вие, дел од најдобрите студенти во Македонија, бевте храбри да го прифатите предизвикот еден месец да патувате низ Европа, и со тоа докажавте дека македонските студенти се подготвени да одат напред. Искористете ја можноста што ви е дадена и видете што повеќе, научете што повеќе. А во Европа има што да се види“.

Реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, на студентите им обезбедува Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, осигурување, студентска картичка и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка.

Целта на Патуваме во Европа е студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија. Ова е шеста генерација на студенти кои ја имаат оваа уникатна можност за патување низ Европа. Минатите години повеќе од 100 студенти беа дел од проектот.

Ова е регионален проект во рамките на кој студенти од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, ќе можат да патуваат и да се запознаат со функционирањето на системите во другите држави, а во исто време и да ги претстават сопствените земји.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on