Мостот на влезот на Сарај затворен до 20. октомври

Од:

Од утре до 20 овој месец ќе се изведуваат градежни активности на т.н. железен мост на реката Вардар, на влезот во општина Сарај.

Притоа ќе има целосен прекин на сообраќајот. Возилата ќе бидат пренасочени преку автопатот Скопје – Тетово и обиколниот пат на влезот кон Матка.

Автобусите од јавниот градски превоз со број „2“ и „2-А“, како времено почетно и крајно стојалиште, т.е. времен терминал, ќе го користат автобуското стојалиште кај бензинската пумпа „Макпетрол“, пред мостот на реката Вардар.

Останатите градски и приградски линии со броевите „12“,„32“,„56“,„56-А“ и „60“ ќе го користат автопатот Скопје – Тетово и обиколниот пат на влезот кон Матка.

Поради отежнатите услови на патот, Град Скопје апелира возачите и другите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за што побезбедно одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан