Мостот Беласица се отвора за сообраќај за лесни возила

Од:

Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул.Беласица, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија.

Од денес, мостот на булеварот „Беласица“ ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Мостот „Беласица” утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности

ЕСМ почна да го санира цеквоводот на мостот „Беласица“

Парно во Скопје ќе има од недела иако цевководот под мостот „Беласица“ ќе биде пуштен во декември

Орце Костов

Цевководот на „Беласица“ ќе биде саниран, скопјани ќе имаат парно навреме уверува ЕСМ

Арсовска: Мостот „Беласица“ е безбеден, треба санација од страна на ЕСМ во долниот дел

Горан Наумовски

Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ во Скопје е безбеден за употреба или не