МОСТ со свои набљудувачи на сите гласачки места

Од:

Претстојниот референдум во општина Центар Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи со 111 набљудувачи, при што ќе бидат опфатени сите гласачки места во општина Центар. Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 4 мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ја набљудуваат атмосферата надвор од гласачките места.

Жолтите маици, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Мониторинг 2015“, овластувањата од МОСТ и акредитациите од општинската изборна комисија – Центар, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните, кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години. МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица и овластување исклучиво за овој референдум.

Во текот на денот ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080 на која граѓаните ќе можат да пријават евентуални нерегуларности. Доколку граѓаните не се сигурни на кое гласачко место гласаат, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страницата izbirackispisok.gov.mk.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на гласањето, МОСТ ќе ги соопшти на три конференции за јавност, кои ќе се одржат во 11:30, 14:30 и 17:30 часот. По затворањето на гласачките места ќе биде закажана дополнителна прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од програмата за паралелно пребројување на гласовите.

Граѓанската асоцијација МОСТ укажува дека одржување на фер и слободен референдум е неопходност. На секој граѓанин треба да му биде овозможено самостојно да одлучи дали ќе излезе да гласа или не, а оние што ќе гласаат да се произнесат по сопствена волја „за“ или „против“ референдумското прашање. МОСТ посочува дека сите засегнати страни треба да демострираат почитување на демократските вредности, особено што во овој случај се работи за референдум – најважниот облик на непосредна или директна демократија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он