МОСТ со 2080 набљудувачи ќе го следи вториот круг од изборите

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ со 2080 набљудувачи ќе го следи утрешното гласање во вториот круг од локалните избори. Со нив ќе бидат покриени 50 до 60 отсто од 1.614 избирачки места во 29 општини и Градот Скопје, каде и во Струмица и Долнени, каде што ќе се прегласува.

Како што соопшто асоцијацијата, набљудувачите ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои МОСТ нема статични набљудувачи.

Покрај гласањто во недела, МОСТ го набљудува и денешното предвремено гласање на болни и немоќни лица, внатрешно раселени лица, лица во затвор и лица во куќен притвор.

Граѓанската асоцијација МОСТ уште еднаш упатува апел за одржување на фер, слободен и мирен изборен процес.

За граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, утре ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080. Доколку граѓаните не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната izbirackispisok.gov.mk.

Проектот “Домашно набљудување на Локалните избори 2013“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ и е поддржан од Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски