МОСТ со 111 набљудувачи и со телефонска линија за нерегуларности на референдумот

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за референдумот за ГТЦ го следи со 111 набљудувачи, кои ќе ги покријат сите гласачки места во општина Центар.

– Набљудувачите на МОСТ се статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 4 мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ја набљудуваат атмосферата надвор од гласачките места. Според информациите добиени од набљудувачите и мобилните тимови отворени се сите гласачки места и гласањето е во тек, информира граѓанската асоцијација.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080. Доколку граѓаните не се сигурни на кое гласачко место можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на на оваа интернет страница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он

ЦУК: Ангажирани нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна

Се бара решение за напукнатиот столб на мостот на Црна, железничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ