„Мост“: Семејно гласање и гласачи непроверени со УВ ламба во гостиварско Чегране

Од:

Претставници од граѓанската асоцијација „Мост“ во периодот од 17 до 19 часот, забележале изборни нерегуларности на две гласачики места.

На гласачкото место 2659 во општина Кисела Вода, гласач го фотографирал гласачкото ливче, при што реагирал изборниот одбор и била повикана полиција. Гласачкото ливче било поништено, а гласањето било прекинато во период од 15 минути.

На гласачкото место 0506/1 во гостиварско Чегране, 13 гласачи не биле проверени со УВ ламба, 8 гласачи не биле обележани со спреј, а биле забележани и 4 случаи на семејно гласање.

Според податоците добиени од паралелното сумирање на гласовите на „Мост“, одѕивот на гласачите до 17:00 часот е 38,8%, додека до 18 часот е 42,7%.

На последната прес-конференција за денеска, „Мост“ ќе извести за резултатите за одѕивот и рапсределбата на гласовите, кои ги пресметува според својот математичко-статистички научен метод.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија