МОСТ: Семејно гласање, фотографирање на ливчињата, не се проверува палецот

Од:

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

– Пред ГМ 1847/1, 1848, 1848/1, 1851, 1853, 1854, 1856, 1857, 1865, 1867 и 1869 во општина Струга забележани се лица со списоци на гласачи кои ги евидентираат гласачите кои влегуваат на гласачките места.

– На ГМ 0154 во општина Битола, ГМ 0288 во општина Валандово, ГМ 0947 во општина Крива Паланка забележано е читање на глас на имињата на гласачите. На ГМ 0918 покрај тоа што се читаат на глас имињата на гласачите, ИО исто така не проверува дали е обележан палецот на гласачите.

– На ГМ 1539/1 во општина Пробиштип забележано е фотографирање на 2 гласачки ливчиња. ИО реагирал, го завел настанот во записник и фотографиите биле избришани. Гласачките ливчиња биле ставени во гласачката кутија.

– На ГМ 2425/1 во општина Кисела Вода еден гласач го фотографирал гласачкото ливче. Била повикана полиција по што гласачот го напуштил ГМ заедно со полицијата.

– На ГМ 1583, 1583/1 и 1584 во општина Радовиш едно лице им помага при гласањето на повеќе избирачи, а исто така се забележани и десет случаи на семејно гласање.

– На ГМ 1022 во општина Куманово забележани се 3 случаи на семејно гласање, при што гласале 6 лица.

– На ГМ 0047 и ГМ 0067 во општина Битола, ИО не ги информира гласачите дека може да изберат на кои избори сакаат да гласаат, туку веднаш им ги издава двете гласачки ливчиња. Дополнително, на ГМ 0067 ИО ги чита имињата на гласачите.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите на претседателските избори до 9 часот е 5,25%, додека до 10 часот е 9,4%.

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори по изборни единици е следниот:

ИЕ 1 – до 9 часот 5,61%, до 10 часот 10,26%

ИЕ 2 – до 9 часот 5,79%, до 10 часот 9,99%

ИЕ 3 – до 9 часот 7,7%, до 10 часот 13,6%

ИЕ 4 – до 9 часот 7,05%, до 10 часот 12,54%

ИЕ 5 – до 9 часот 5,58%, до 10 часот 10,18%

ИЕ 6 – до 9 часот 3,16%, до 10 часот 5,74%

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“