МОСТ: Резултатите се тесни, не сме во можност да проектираме мандати

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, биле распоредени исто толку набљудувачи, со што биле покриени 20% од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20% во рамките на секоја изборна единица.

Според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот: ИЕ 1 – 53,42, ИЕ 2 – 49,53, ИЕ 3 – 57,76, ИЕ 4 – 61,85, ИЕ 5 – 51,13, ИЕ 6 – 40,84 отсто.

„Што се однесува до резултатите од изборите, поради тесните резултати и маргината на грешка која ПВТ примерокот ја продуцира, МОСТ не е во можност да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици. Според обработените податоци од ПВТ примерокот, резултатите по изборни единици се следни: Изборна единица 1 – максимална маргина на грешка 2, ДПА – 0,85, Политичка партија Демократи – 0,1, Коалиција Можеме – 33,81, Левица – 7,32, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 9,31, Глас за Македонија – 0,51 осто.
Набљудувачите на МОСТ во целиот изборен процес денеска констатираа само една нерегуларностг на гласачко место во кичевско кога гласач го фотографирал избирачкото ливче и според нив изборниот ден поминал во регуларна атмосфера со почитрување на мерките за заштита.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он