МОСТ: Повторно со нас на пат во Европа

Од:

Ако сте апсолвент или последна година од студии на сите Универзитети, имате просек над 8,50 , ако имате желба за патување, авантури и запознавање на непознатото, пријавете се „Пат во Европа“.

Ова лето, 12 студенти од Македонија ќе добијат 3 дена во Берлин, интер-раил карта за патување со воз до сите дестинации во ЕУ и џепарлак за да поминат незаборавни 30 дена запознавајќи било која земја и било кој град во Европа. Сакаш ли да ја видиш Бранденбуршката капија? Ајфеловата кула?

Римскиот колесеум или музеите во Амстердам? Дали имаш дупка од месец дена во твојот “набиен“ студентски распоред? Дали сакаш на младите Европјани кои ќе ги сретнеш во воз, хостел, музеј или клуб лично да им го препорачаш местото од каде што доаѓаш, знеменитостите крај кои си израснал, храната што си ја јадел и виното што си го пиел носејќи им брошури од Македонија?

Тогаш, велат од граѓанската асоцијација МОСТ, аплицирајте на http://most.org.mk/patvoevropa.org.mk/?page_id=235.

Организаторот обезбедува
-Interrail карта за 30 дена
– 3 дена во Берлин
– осигурување
– платежна картичка

Пријавувањето е до 9-ти јули.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска