МОСТ: На гласачко место во Кратово било присутно неовластено лице

Од:

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, забележани се две изолирани неправилности. На гласачко место 2248/1 во Штип, забележано е читање на глас на избирачите, а во Кратово пред ГМ 0934 забележано било присуство на неовластено лице. Била повикана полиција која го отстранила лицето од пред гласачкото место, соопштуваат од МОСТ.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11:00 часот е 11,2%, до 12:00 часот е 16,2%, додека до 13:00 часот е 21,3%, велат од МОСТ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија