МОСТ ќе го набљудува референдумот во општина Центар

Од:

Во функција на спроведување транспарентен референдум во општина Центар, а по покана на општината, Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го набљудува спроведувањето на референдумот, за што како што соопштија оттаму, веќе започнале активностите за набљудување на процесот.

„За набљудување на референдумот на 26 април ќе бидат акредитирани вкупно 100 набљудувачи, кои ќе ги покријат сите гласачки места во општина Центар. Покрај набљудувачите на избирачките места МОСТ ќе распореди и мобилни тимови кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните набљудувачи. Дополнително, МОСТ ја следи и работата на изборните органи.

Граѓанската асоцијација МОСТ во досегашното свое постоење, покрај сите национални и локални избори во Македонија почнувајќи од 2002 година, ги има набљудувано и двата референдуми на локално ниво – во општина Чешиново-Облешево во 2004 г. и во општина Радовиш во 2007 г., па така оваа активност претставува надоврзување на досегашните активности, со што МОСТ се надева дека ќе даде придонес кон обезбедување на повисоко ниво на транспарентност на целиот процес.

Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување“, се вели во соопштението на МОСТ.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он