МОСТ: Голем број неправилности на изборите

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ вечерва објави неправилности што ги забележале нивните набљудувачи на одредени избирачки места во тек на локалните избори, меѓу кои семејно гласање, фотографирање гласачки ливчиња, некористење УВ ламба.

Според МОСТ, 27 случаи семејно гласање на гласачкото место 1852 се регистрирани во општина Струга и 30 такви случаи на гласачното место 1930 во општина Тетово.

Во ОИК Суденичани, според МОСТ, се пријавени 23 гласачи кои имале биометриски лични карти, а ги немало во Избирачкиот список.

На гласачкото место 1376 во општина Прилеп, пак, две лица во два одделни наврати се фатени како сликаат гласачки ливчиња. Во двата наврати реагирала полицијата и имало прекин од 10 минути по што гласањето продолжило.

Според МОСТ, на гласачките места 1944 и 1989 во општина Тетово забележани се над 15 случаи семејно гласање поединечно. На гласачкото место 1947 општина Тетово забележани се над 30 случаи на некористење УВ ламба.

Набљудувачите на МОСТ, исто така, забалежале и дека на гласачкото место 1976 општина Тетово малолетно лице сакало да гласа со туѓа лична карта, а Избирачкиот одбор му издал гласачки ливчиња. ИО притоа ја увидел грешката и ги поништил гласачките ливчиња и ги ставил во гласачката кутија. Полицијата извршила увид и случајот е внесен во записник.

Десет случаи на семејно гласање се евидентирани и на гласачкото место 0301 во општина Валандово, а на гласачкото место 1682 општина Свети Николе се читале на глас имињата на гласачите.

Во општина Гази Баба на гласачкото место 2507 – 20 лица, гласачко место 2509 – 30 лица и гласачко место 2510 – 30 лица не се нашле во Избирачкиот список.

По затварањето на избирачките места 2764 и 2765 во Дом на слепи, избирачките места 2766 и 2767 во ОУ „Круме Кепески“ и на избирачкото место 2655 во месна заедница Пржино во општина Кисела Вода имало прекин струја. Исто така, и во избирачките места 2557 и 2558 во ОУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров нема струја, покажува набљудувањето на МОСТ.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар