МОСТ евидентира нерегуларности, прелиминирна оценка утре

Од:

Неписмени со придружба, сликање ливчиња, семејно гласање, некористење УВ ламба, се само некои од неправилностите што ги констатира граѓанската асоцијација МОСТ во вториот изборен круг.

Забелешки има за избирачки места во Кочани, Куманово, Тетово, Бутел, Битола, Гостивар и Шуто Оризари.

Набљудувачите на МОСТ на дел од избирачките места во општина Центар евидентирале гужва, тензична атмосфера, зголемено присуство на медиуми и полиција.

– Причината за ваквата појава бил зголемениот број гласачи и интервенциите на партиските набљудувачи кои реагирале дека овие гласачи не живеат во општина Центар како и дилемите на членовите на ИО за тоа дали да им се дозволи на овие гласачи да го остварат гласачкото право, соопшти МОСТ.

На бесплатниот телефонски број 080 080 080 граѓаните најчесто пријавувале гласно читање на имињата на гласачите на гласачите места, расфрлан пропаганден материјал и дека ги нема во избирачкиот список.

МОСТ прелиминарна оценка за изборите ќе даде утре во 14:00 часот.

Би можело да ве интересира

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Приштина и Јужна Митровица ќе добијат градоначалници во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори