Моштите од Свети Георгиј Победоносец утре во Струга

Од:

Во црквата „Свети Георгиј“ во Струга утре ќе се одржи вечерна богослужба и литија со моштите на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и со неговата чудотворна икона.

Литијата е многу стара духовна традиција што ја практикуваат православните христијани во Струга. Со неа се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината.

– Литијата е многу стара традиција. Имаме потврда дека постои стотици години наназад, односно околу петстотини години. Во ваква организација, со носењето на моштите на Свети Георгиј од Бигорскиот манастир се изведува веќе четврта година. Со чудотворната икона, литијата се одржувала со години наназад, особено поради осветувањето на црквата „Свети Георгиј“ во Струга во 1835 година, еден ден по празникот, односно на 7 мај, појаснува отец Васко Голабоски.

Со утрешната вечерна богослужба ќе чиноначалствува митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга