• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи

by А1он14/06/2024 - 12:20166
Share0

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во
вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица.

Добивај вести на вибер

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари (1976).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7.2 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

mortalitetumreni

Би можело да ве интересира

Македонија во бројки: Повеќе умрени од родени, бракови сè помалку, разводи сè повеќе

Горан Наумовски02/01/2026 - 07:3802/01/2026 - 07:39

Во Македонија наталитетот се зголемува, а негативен е природниот прираст

Горан Наумовски28/11/2025 - 08:40

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски27/08/2025 - 12:3927/08/2025 - 13:09

Зголемена стапката на морталитетот во Македонија, повеќе умираат мажите

Горан Наумовски19/06/2025 - 10:48

Во првото тримесечје: Негативен природен прираст – родени 3.526, умрени 5.398

Горан Наумовски29/05/2025 - 13:0529/05/2025 - 13:05

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска15/06/2023 - 14:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен