Терминот во кој ќе смее да се емитува владината анти-абортус реклама е од полноќ до 5 часот наутро – реши денеска Советот за радиодифузија.
Членовите на СРД усвоија заклучок да се избрише делот од рекламата во кој се спомнува „убивте бебе“.
Дел од членовите на СРД биле за тоа рекламата воопшто да не се емитува, но некои од нивните колеги сметале дека со тоа би се прекршила слободата на изразување и затоа е прифатена варијантата за ,,кратење,, на најпроблематичниот дел од рекламата.